Станува јасно каков човек го води ВМРО-ДПМНЕ по твоето огласување преку официјалниот портпарол. Така вели поранешниот градоначалник на Аеродром Ивица Коневски, откако неговиот повик за „промени“ во партијата експресно беше дискредитиран од портпаролот на опозицијата.
„По мојот изнесен став , ти го тераш портпаролот да пишува ниски лаги и клевети за мене. Со тоа само потврдуваш дека ти и твојот тим немате капацитет да се справите со искрените критики, упатени за доброто на ВМРО-ДПМНЕ. Што побрзо одите ти и таа багра од партијата, толку побрзо ВМРО-ДПМНЕ ќе застане на чело на државата“, пишува поранешниот градоначалник Ивица Конески.
Досега оставка од Христијан Мицкоски од лидерската позиција побараа повеќе членови од претходното раководство на партијата, меѓу кои Никола Тодоров, Никола Попоски, Сашо Мијалков, Ѓулистана Марковска, Даниела Рангелова, а прв со вакво барање веднаш по изборите излезе актуелниот градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев.
Можеби ќе ве интересира: