Изабраниците на Димче Маневски го декласираа и Обршани

Prevalec Obrsani
Prevalec Obrsani

Нова доминантна партија на избраниците на тренерот Димче Маневски. Во рамките на осмото коло од Третата фудбалска лига – Југ, Превалец го демолираше составот Обршани, и го испрати со девет гола во мрежата.

Zito akcija 640x289px

Гостите од прилепското село Обршани одолеваа на нападите се до 19 минута кога Александар Пановски ја начна мрежата. До крајот на полувремето тој постигна уште еден погодок, два пати стрелаше Кристијан Маневски, а минатогодишниот најдобар стрелец во лигата Пеце Стојанов постигна хет-трик.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Сигурното водство му овозможи на домаќинот да чува сили и да игра рутински. Јовев и Стевче Илиевски се надоврзаа на голеадата и го поставија конечниот резултат 9:0. Во наредното коло Превалец гостува во Крушево кај екипата на Питу Гули која се наоѓа на четвртата позиција со 19 бода.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: