Избегнете го овој патен правец доколку одите во Скопје, триесет приватни автобуси од утрово ја блокираат една од најфрекветните раскрсници

protest jsp privatni avtobusi

Рано утрово приватниот градски автобуски превозник „Слобода превоз“ ќе ја блокира крстосницата кај Мавровка во Скопје со повеќе од 30 автобуси и повеќе од 300 лица во протестот против Град Скопје. Како што најавуваат од таму, од 7 наутро до вечер автобусите ќе бидат паркирани на оваа крстосница. 

Zito akcija 640x289px

Времетраењето на протестот каде што се разминуваат булеварите „Гоце Делчев“ и „крсте Петков Мисироков“ не е утврдено и се планира да трае до исполнување на барањата кои ако брзо не се решат во наредните денови ќе се прошири и на други делови од сообраќајниците во Скопје, најавуваат од „Слобода превоз“.

Agria

Од здружението најавуваат и средба со Управниот одбор на ЈСП и присуство на седницата на Советот на Град Скопје за да дознаат, како што велат, каде завршиле нивните пари.

„На средбата со УО на ЈСП на која се очекува да присуствува и директорот на ЈСП ќе побараме информации поврзани со долгот на ЈСП-Скопје и зошто директорот не ги исполнува обврските од договорот, како и информации за изнесените невистини од страна на градоначалникот за наводен криминал со билетите за превоз и кражба на пари, кои одговори секако дека ги имаат службите на ЈСП, бидејќи тие се најинволвираните, задолжени и компетентни во целиот процес од набавка , дистрибуција до продажба на билети и за функционирање на АВЛ системот и системот за наплата, тврдат од „Слобода превоз“.

Од Град Скопје остануваат на ставот дека проблемот ќе се реши со објавување на оглас на кој секој кој што сака да врши јавен превоз ќе може да се пријави. Најавија вклучување на дополнителен број автобуси од ЈСП со што ќе го ублажат бојкотот од приватниците.

Од Слобода превоз најавија правна битка со Град Скопје и ќе бараат одговорност за клеветите кои ги упатила кон нив градоначалничката. Град Скопје им должи над милион и пол евра на приватните превозници, кои цела недела во знак на револт се исклучија од градските линии. Арсовска по ова ги обвини за криминал, рече дека наплаќале билети без да ги пријават и не прифати средба со нив.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/34431/bisinov-fruit-lend-ja-zabelezhaa-prvata-pobeda-vo-prvoligashkoto-drushtvo/