ИЗБОРИ 2021: Левица ги претстави кандидатите за претстојните локални избори (ВИДЕО)

Партијата „Левица“ денеска го претстави носителот на листата на кандидати за членови на Советот на Општина Велес, Димитар Абрашев. Тој истакна дека му е чест и задоволство што е носител на листата, но во исто време тоа му претставува и огромна одговорност.

Zito akcija 640x289px

Зборувајќи за својата биографија, Абрашев рече дека е роден и живее во Велес, дека е среќно оженет, целото образование го стекнал во родниот град, а дека по струка е дипломиран менаџер по осигурување, кој во моментов работи како инструктор за обука во автошкола.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„Се вклучив во политиката за да дадам свој придонес за да го промениме целиот систем на подобро. Хаосот во кој живееме мора да заврши. Време е компетентни, чесни и вредни луѓе да бидат победници на конкурсите за вработување, наместо луѓе со партиска книшка. Мораме да застанеме на патот на криминалот и корупцијата“.

Содржината продолжува под рекламата

Абрашев рече дека советничката листа на Левица за Општина Велес е составена од 10 жени и 13 мажи на возраст од 25 до 60 години.

За прв пат Левица на овие локални избори ќе има и кандидат за градоначалник, а тоа е Златко Арсов, редовен професор на група тутунски предмети на Факултетот за земјоделски науки и храна.

„Заедно ќе докажеме дека може и мора да се работи чесно, дека Општина Велес може и мора да биде подобро место за живеење за сите без разлика на верска политичка економска или било која припадност. Имаме одличен тим за сите предизвици што не очекуваат“, рече Абрашев.

За кандидатите на Левица, Абрашев рече дека се луѓе без предходен политички багаж, желни за позитивна промена, луѓе на кој општиот интерес им е пред личниот, луѓе кои искрено го сакаат Велес.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/24041/detali-za-ubistvoto-na-40-godishniot-veleshanecz/