ИЗБОРИ 2021: Марко Колев најави нов урбанистички план за Велес

Изработка на нов Генерален урбанистички план за Велес, по 16 години од последниот, подземен паркинг во центарот на градот и изградба на плоштад, довршување на кејот на Вардар и поправка на мостот кај Башино Село, се дел од проектите, кои кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ за Велес, Марко Колев, денеска ги соопшти на брифинг со новинарите. Тој рече дека во неговата четиригодишна програма има 213 проекти, поделени во 14 стратешки области.

Zito akcija 640x289px

„Велес има Генерален урбанистички план донесен пред 16 години. Оттогаш многу работи се изменети, ап затоа е неопходно да донесеме нов. Во мојата програма, нудам 11 капитални проекти, кои живот значат за граѓаните на Општина Велес. Освен веќе споменатите, планирам и реконструкција на Територијалната противпожарна бригада, проширување на индустриските зони во градот, отворање истражувачки бизнис центар за младите во просториите на поранешниот Синдикат, а од поранешниот Хотел Вила Зора ќе направиме дом за стари лица и за деца без родители. Исто така, планираме ново сообраќајно решение за влезот на градот кај Костурница, но и велосипедски парк за љубителите на оваа рекрреација“ – кажа Колев.

Содржината продолжува под рекамата

Agria

На денешниот брифинг се пртетстави и нмосителот на листата за членови на Советот на општината, актерот Зоран Љутков, кој најмногу се задржа на проектите од културата.

Содржината продолжува под рекамата

„Мојата визија за културата му ја претставив на лидерот Христијан Мицкоски и веднаш најдовме заеднички јазик. Велес мораме да го вратиме на културната мапа на Македонија. Нашето мотото „Создаваме нова иднина“  е обнова на Македонија, ресетирање на општеството, реинсталација на културните содржини, да се даде здрава содржина во кутлруата, образованието, здравството“, рече носителот на листата Зоран Љутков.

Двајцата кандидати ветија дека ќе водат позитивна кампања, без да го навредуваат својот политички противник.

https://batali.net/23997/izbori-2021-janchev-najavi-nabavka-na-uchilishni-avtobusi-i-ednosmenska-nastava-vo-srednite-uchilishta/

Можеби ќе ве интересира: