ИЗБОРИ 2021: Марко Колев од ВМРО ДПМНЕ не се појави на соочувањето на ТВ Телма (ВИДЕО)

Кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Марко Колев не учествуваше на синоќешното соочување со своите противкандидати за градоначалник на Велес, кое се емитуваше на ТВ Телма. Тој, како што рече водителот на дебатата, го откажал своето гостување поради неодложни семејни обврски. Освен Колев, на дебатата не учествуваше и Семир Алимов, кандидат на Бошњачкиот демократски сојуз, за кого водителтот на дебатата кажа дека воопшто не можеле да контактираат со него, за да го поканат на емисија.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

И по две недели од кампањата, кандидатот Алимов воопшто не се појавил во јавноста, а според наши информации, тој е во Австрија, каде што водел кампања со иселениците кои живеат таму, а кои потекнуваат и имаат право на глас во Општина Велес.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

На вчерашната дебата на ТВ Телма учествуваа кандидатите за градоначалници на СДСМ, Ненад Коциќ и на Левица, Златко Арсов, кои добија прилика да ги образложат своите изборни програми и да дебатираат на повеќе теми поврзани со проблемите на граѓаните на Велес.

Содржината продолжува под рекламата

Претходно се одржаа две дебати на кандидатите за градоначалници на Велес, првата на националниот севис МРТВ и втората на ТВ24, на кои, освен кандидатот Алимов, учествуваа сите кандидати.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: