ИЗБОРИ 2021: ВМРО ДПМНЕ обвинува за недомаќинско работење во Дервен, од комуналното велат дека опозицијата манипулира со јавноста!

Опозициската ВМРО ДПМНЕ го обвини раководството на ЈКП Дервен дека недомаќински го водело претпријатието и креирало финансиски загуби. Од оваа партија тврдат дека Дервен работи со загуба, која во моментов изнесува 14 милиони денари, направени во првите шест месеци од годинава, нарекувајќи ја „катастрофална“ состојбата во која се наоѓа велешкото комунално претпријатие. Од ЈКП Дервен ваквите обвинувања ги нарекоа невистинити, паушални и шпекулативни. Сепак, опозицијата тврди дека негативните финансиски резултати се внесени и во полугодишниот извештај, разгледуван на седница на Советот на општината.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

„На последната седница на Советот на Општина Велес беше разгледуван полугодишниот извештај на ЈКП Дервен, во кој може да се види дека претпријатието во првите шест месеци работи со огромни загуби. Ова претпријатие бележи постојана загуба, која во моментов изнесува скоро 14 милиони денари, за само 6 месеци. Дервен започна да работи со загуба, со самото доаѓање на СДСМ на власт во Велес, односно уште во времето кога Ненад Коциќ беше советник, а потоа и претседател на Советот на Општина Велес. Долгот на ЈКП од година во година постојано се зголемуваше. Па така во во 2018 година ЈКП Дервен ја заврши годината со загуба од 15,5  милиони денари, во 2019 година тој долг изнесува исто 15.,5 милиони денари, за во 2020 година тој долг да биде неверојатни 25,2 милиони денари“, рече Коста Нојков од ВМРО ДПМНЕ.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Според Нојков, константното недомаќинско работење како и именување на, како што рече, неспособни кадри на СДСМ, го довеле ЈКП Дервен во екстремно лоша состојба.

Од ЈКП Дервен ги отфрлија ваквите обвинувања како невистинити, паушални и шпекулативни. Првиот човек на претпријатието Антон Јовиќ вели дека не само што нема загуби, туку на жиро сметката на претпријатието има толку пари, кои можат да покријат четиримесечно работење на Дервен, без денар да влезе на сметката.

„Средствата на жиро сметката на Дервен во моментов се најголеми во последните 10 години, што е показател на ефективност, економично и ефикасно работење. Загубата за која зборува ВМРО ДПМНЕ е загуба, која ја водиме како книговодствена и произлегува од зголемената амортизација, која пак произлегува од ивестиции во основни средства и нивната пресметка за амортизација на годишно ниво. Во последните три години во Дервен се вложени вкупно преку 150 милиони денари. Набавени се возила и опрема, надвор од редовните трошоци. Во Дервен претходно немаше вложување со години во делот на инвестиции. Во водовод е набавен озонатор со компресор, кој беше неопходен за третманот на водата за пиење. Работевме со озонатор од 1991 година, без можност за набавка на резервни делови. Набавена е опремата за микробиолошко испитување на водата. Променети се застарени азбестни линии со вкупна должина од 15 илјади метри, во вредност од 12 милиони денари, во последните три години. Набавени се нови возила во комуналната хигиена, набавена е опрема за упраување на водоводниот систем и мониторинг во вредност од пет милиони денари, набавен е минировокопач, цистерна за перење, цистерна за потребите во одделението „канализација“. Вкупната вредност за вложување е 150 милиони денари. Претходните години немаше вложено ниту еден денар и ова мораше да се направи, за нормално функционирање на претпријатието“, рече Антон Јовиќ, директор на ЈКП Дервен.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: