Претставувајќи ја изборната програма за Велес, од ВМРО ДПМНЕ денеска ветија дека, ако ја добијат довербата на граѓаните, ќе изградат спортскиот комплекс кај економското училиште „Јовче Тесличков“ во населба Дворови. Од партијата велат дека сегашното игралиште е комплетно руинирано, па затоа ветија негова обнова, но и изградба на дополнителни содржини.
„Програмата на идниот градоначалник на Велес, Марко Колев, предвидува изградба на спортски комплекс со терени за фудбал, кошарка и ракомет, а ќе биде поставена и тартан патека за трчање околу комплексот според сите светски стандарди. Дополнитело ќе има и реквизити и фитнес справи за вежбање погодни за сите возрасти“, рече Изабела Апцева од ВМРО ДПМНЕ.
Содржината продолжува под рекламата
Според опозициската партија, ова игралиште, поради неговата пристапност и местоположба има огромен потенцијал, а ветија дека ќе биде достапно до голем број граѓани од левата страна на градот, каде, како што рекоа, до сега властите „немале ниту камче поместено“.
Содржината продолжува под рекламата
Од ВМРО ДПМНЕ ветија изградба на спортски комплекси и во неколку други училишта во градот, но и во населбата Речани.
Можеби ќе ве интерерсира: