ИЗБОРИ 2021: Златко Арсов од Левица вети нови сообраќајни решенија, поттикнување на бизнисот и реформа во општинската администрација (ВИДЕО)

Решение за сообраќајните проблеми во Велес, преку изградба на нов мост од Дервен до Речани, изградба на две катни гаражи, ставање во функција на неколку празни општински обкјекти, сопирање на урбанизацијата на велешкото езеро Младост, се дел од ветувањата на кандидатот за градоначалник на Велес од Левица, Златко Арсов, кој денеска ја претстави својата изборна програма.

Zito akcija 640x289px

Во неа посебен акцент имаат урбанизмот и сообраќајните проблеми на Велес, рече Арсов. Според него, Велес е загушен град, која се мачи со сообраќајот, град кој за 30 години не изгради ниту една нова сообраќајница, па понуди решенија за излез од таквата состојба.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„Ние предвидуваме изградба на повеќе кружни текови, проширување на постоечките, не само во Велес, туку и во околината. Наш план е да се изгради кружен тек на клучката кај Башино село, која што, како крстосница, е проблематична и често се случуваат незгоди. Мостот кај Башино село е руиниран, па со државна помош, ќе гледаме да го санираме. Спрема можностите, планираме и изградба на уште еден мост, кој би се наоѓал од управната зграда на Дервен и би водел кон Речани, со што ќе го олесниме сообраќајот низ центарот на градот“, рече Арсов.

Содржината продолжува под рекламата

Тој вети дека доколку ја добие довербата на граѓаните на следните локални избори, ќе се залага за поттикнување на локалниот економски развој, преку отворање на можности за мали, средни и големи бизниси и помош на земјоделското население и фармерите од околината на Велес. Арсов најави и реформа во општинската администрација.

„Граѓаните мака мачат при вадење на разни видови документација. Ние ќе го примениме системот на електронско одобрување и давање на документи, така што, на тој начин ќе ја спречиме корупцијата, непотизмот. Кога не го познаваш човекот, не можеш да му побараш ништо“, рече Арсов.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/24134/vmro-dpmne-obvinuva-za-izborno-prekrshuvane-opshtina-veles-veli-graganite-sami-si-betoniraat-ulicza/