Изгубил лозинка од профил на Биткоин вредни 220 милиони долари

Германскиот програмер Штефан Томас го изгубил кодот за пристап до профилот, на која има 7.002 биткоини, вредни околу 220 милиони долари, а му преостануваат само уште два обида да го погоди, пред сметката да се заклучи засекогаш. Зборувајќи за Њујорк Тајмс, Германецот, кој моментално живее во Калифорнија, откри дека му биле подарени биткоини кога во 2011 година направил анимиран филм за таа криптовалута.

Zito akcija 640x289px

Биткоинот минатата година забележа големо зголемување на вредноста, а пред неколку дена ја надмина вредноста од 30.000 долари. Томас вели дека истата година ја изгубил лозинката за пристап до неговиот „железен клуч“, криптиран хард диск кој содржи клучеви од неговиот дигитален паричник.

Agria

Оттогаш, тој пробал осум различни варијации на неговите вообичаени лозинки во обид да пристапи до неговиот „железен клуч“. За жал, никоја од нив не била точна, а „железниот клуч“ им овозможува на корисниците 10 обиди пред да биде засекогаш заклучен заедно со целата содржина, пишува Њујорк Тајмс.

Биткоинот не може да му помогне, бидејќи не чува кориснички лозинки, туку им дава на лицата кои купуваат валута личен клуч за нивниот дигитален паричник, до кој имаат пристап само тие.

„Ќе лежев во кревет и ќе размислував. Тогаш ќе одев на компјутер со нов план. Кога тој ќе пропаднеше, јас повторно очајував“, рече несреќниот програмер.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: