Излекуваните од ковид-19 имаат долгорочен имунитет

kovid-test-2
kovid-test-2

Истражувањето на Универзитетската клиника во Инсбрук покажува дека излекуваните луѓе од коронавирус имаат стабилен, долгорочен имунитет и не треба да стравуваат од нова инфекција или мутација.

Zito akcija 640x289px

Во студијата учествуваа 29 лица на просечна возраст од 44 години и сите во март беа заболени од ковид-19, изјави раководителот на истражувањето Флориан Дајзенхамер.

Agria

Тој наведе дека кај учесниците се откриени антитела и по шест месеци, што укажува на константен, стабилен, долгорочен имунитет.

Постојат сите елементи на заштитниот имунитет. Резултатите од студијата на Инсбрук се идентични со меѓународните сознанија, посочи Дајзенхамер при тоа потсетувајќи оти на Исланд и во Њујорк дошле до ист заклучок.

Тој посочи дека излекуваните лица не мора да се плашат од повторна зараза, но оти постојат исклучоци, кои не се правило. 

Mожеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: