Измените на Кривичниот законик стапуваат во сила

Sud
Sud
.

Измените се однесуваат на 38 члена, за кои власта рече дека 35, а се за усогласување со директивите на ЕУ, при што Европската комисија е загрижена за нив.

Zito akcija 640x289px

Ова значи дека од денес ќе има помали казни за двете кривични дела – злоупотреба на службената положба и овластувањето, како и злосторничко здружување. Притоа се воведува граница на максимална казна, а се укина и еден став од делото злоупотреба на службената положба и овластувањето. Сето ова, пак, носи и побрзо застарување на делата.

Agria

Стапувањето во сила на овие измени ќе значи и дека застаруваат дела во предмети на СЈО, како „Таргет – Тврдина“, „Тендери“, „Титаник“, ТНТ, „Талир“, „Траекторија“. Во сите предмети ефектирани од измените се опфатени над 80 лица.

Во најмалку 14 судски процеси познати во јавноста, каде што на обвинителна клупа седат поранешни функционери, ќе настапи застареност на кривичните дела злосторничко здружување и злоупотреба на службената положба и овластувањата. Речиси сите судски случаи се предмети што ги отвори сега расформираното специјално јавно обвинителство (СЈО), а во нив се опфатени над 80 лица.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: