Очајно лош натпревар одиграа фудбалерите на Превалец, на гостувањето во Мало Коњаре, па затоа и беа високо поразени од екипата Влазними Јуниор со резултат 5:1.
За домашниот состав, за кого ова беше втора победа во првенството стрелаа, Мевлан Усеиноски, Емрула Велиоски, Мерсин Мемедоски, Али Фејзулоски, Алмир Фејзулоски, додека единствениот гол за Превалец го постигна Стефан Коџабанов.
По девет одиграни кола Превалец се наоѓа на четвртата позиција со 14 освоени бода, 10 помалку од лидерот на табелата Големо Коњари.