Денеска во просториите на Ракометната Федерација на Македонија беа извлечени групите за новата сезона во Првата лига. Во новата сезона Велес ќе има два претставника во Првата лига.
Екипата на Борец и екипата на Бисинов се пријавија како екипи кои ќе се натпреваруваат во Прата ракометна лига. Ждребот одлучи да не се сретнат во иста група. Екипата на Бисинов се најде во група А, додека Борец се најде во група Б.
Содржината продолжува под рекламата
Покрај Бисинов во група А од Првата ракометна лига се најдоа екипите на Работнички, Македонија ЃП, Мултиесенс, Кичево, Текстилец, Јехона, Шампион, Овче Поле, Младост Богданци.
Ракометарите на Борец во група Б че се сретнат со екипите на Риниа, Партизан Гевгелија, Ангели Волково, Астраион, Аеродром, Голден Арт 2, Металург РА, Преспа, Драчево.
Најдобрите пет од двете групи формираат плеј-оф група, додека оние од 5 до 10 место ќе играат во плеј-аут. Првото коло би требало да се одигра на 10/11 септември, додека последното од плеј-оф/аут на крајот на мај следната година.
Можеби ќе ве интересира: