Ракометарите на Борец , денес ги дознаа своите противници во предстојната ракометна сезона. Во просториите на Ракометната федерација беше извршено извлекување на натпреварувачки броеви на екипите за сезона 2021-2022 за Прва Лига мажи.
Екипата на Борец се најде во групата А која брои девет екипи, а во неа се наоѓаат Работнички, Младост, Шампион, Драчево, Вардар Неготино, Јехона, Преспа, Борец, Партизан Гевгелија.
Содржината продолжува под рекламата
Од двете натпреварувачки групи, најдобрите пет тима ќе се пласираат во следната фаза, каде што заедно со останатите пет од другата ќе формираат нова плеј-оф група, а другите ќе настапат во плеј-аут сегментот.
Првото коло е закажано за 17 септември, а велешани гостуваат во Гевгелија на екипата на Партизан.
Можеби ќе ве интересира: