Извозот зголемен за 1,8 oтсто – најголема трговската размена со Германија

kamion

Во првите осум месеци од 2025 година, извозот на стоки од Македонија достигна вредност од 325,1 милијарди денари, што претставува раст од 1,8% споредено со истиот период лани. Увозот истовремено изнесувал 464,3 милијарди денари, со пораст од 2,7%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Најизвезувани производи се катализатори со благородни метали, електрични сетови за возила и делови за седишта, додека во увозот доминираат нафтените деривати, платинските метали и електрична енергија. Овие категории ја одразуваат индустриската ориентација на економијата и зависноста од енергенси и суровини.

Agria

Најголема трговска размена е остварена со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија, кои заедно сочинуваат речиси половина од вкупниот трговски обем. Земјите членки на ЕУ учествуваат со 59,8% во вкупната надворешнотрговска размена на земјата.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: