Јанушев и Тошковски ги негираат обинувањата од СДСМ за подарениот имот

На своите фејсбук профили денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и генералниот секретар на Владата Игор Јанушев ги демантираа обвинувањата на портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска која на денешната прес-конференција рече дека „имотот кој му бил подарен на Јанушев, вреден 325.000 евра, е составен дел од зграда во најстрогиот дел од центарот на Скопје и дека во оваа зграда, како што рече, покрај Јанушев, има и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски“. 

Zito akcija 640x289px
Pance toskovski minister

„Во однос на обвинувањата изнесени од Богданка Кузеска од СДСМ, сакам јавно да ги демантирам и да ја информирам јавноста дека уште на 04.07.2024 година, во законски утврдениот рок, до Државната комисија за спречување на корупцијата доставив изјава за имотна состојба. Сите податоци за мојот имот се јавно достапни на следниот линк: https://registar.dksk.mk/appointed-person/22221“, напиша министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на неговиот Фејсбук профил.

Agria

Тој нагласи дека одговорно тврди дека надвор од она што е наведено во изјавата за имотната состојба не поседува ништо друго.

Јанушев, пак, на Фејсбук напиша дека СДСМ има трагикомични обиди и оти го дискредитираат.

igor-janusev-VMRO

„А да кажам збор два и за обвинувањата…. Ве пуштав да се излизгате… прво да изнесе лаги еден сдсовски сателит и советник на криминалното СЈО, во исто време шарен револуционер и познат лажен патриот, па потоа да се надоврзе една пара партиска структура и на крај да излезе изворот на таквите дезинформации, партијата која ја води неврохирургот на Заеви или како што во СДС го викаат малиот на Зоки, Венко Филипче. Па да ви одговорам по ред. Прво, СДС вели дека имотот на анкетниот лист е енормно зголемен. Тоа не е вистина и е комплетна лага. Не само што не е зголемен, туку е и двојно помал доколку се направи споредба со тој од 2017. година. Второ, не постои никакво подарено земјиште…има погрешно внесени податоци за што веќе е направена и корекција од моја страна. Истиот имот кој во моментов го поседувам, го поседував и во минатото и доколку било што беше проблематично владата на СДС и ДУИ имаше и повеќе од доволно време да постапува“, напиша Јанушев.

Тој потсети дека седум години СДСМ и ДУИ биле на власт и воделе врз него, како што напиша, политички процес и хајка за непостоечки случај за набавка на автобуси.

Можеби ќе ве интересира: