30 years Kozuvcanka Web Banner_600x200

Јувентус Серава го изненади Проект во Велес

KMF Proekt - KMF Juventus Serava

Вчера во Велес се одигра натпревар од последното девето есенско коло во Првата македонска футсал лига. Домаќин на овој натпревар беше екипата на КМФ Проект, кој го пречека составот на КМФ Јувентус Серава.

Zito akcija 640x289px

Иако на хартија ова требаше да биде лесна задача за домашниот тим, гостите неочекувано славеа на овој натпревар со резултат 2:1. Поведоа домаќините преку Стојановски во 16 минута, а пред крај на првиот дел израмни Алијевиќ. По многуте нереализирани шанси на КМФ Проект следуваше казна, па Мамуд со гол преку цел терен во 38 минута го постави конечниот резултат.

Agria

КМФ Проект ќе презими на третата позиција на табелата со освоени 19 бода, додека КМФ Јувентус Серава се искачи на петата позиција со освоени 10 бода.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: