Кадетите на Фруитленд Борец и Куманово ги поделија бодовите

Kadeti Fruitlend Kumanovo

Во дерби натпреварот на кадетската ракометна лига, во спортската сала на ООУ Блаже Конески, Велес, екипите на Фруитленд Борец и Куманово ги поделија бодовите.

Zito akcija 640x289px

Гостите од Куманово поведоа на стартот од натпреварот, но како се приближуваше полувремето, велешани најпрво израмнија, а потоа и го диктираа резултатот за 10:8 на полувреме. И вториот дел кумановчани подобро го отворија, па за брзо ја вратија предноста во своја корист. Пред крајот на натпреварот водството се менуваше на двете страни. Во последните два напади домашниот состав имаше можност и да победи, но не успеаја да реализираат. Сепак резултатот 23:23, е најреална слика на овој натпревар.

Agria

Во составот на Фруитленд Борец се истакнаа Андреј Зафиров со седум и Бојан Велјановски со шест погодоци. Кај гостите со 11 постигнати гола се истакна Кристијан Бујчевски. По четири одиграни кола кадетите на Фруитленд Борец се на делба на второто место со екипата на Куманово и сеуште се без пораз во првенството. Во наредното коло гостуваат кај екипата на Алкалоис од Скопје.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: