Кадетите на Фруитленд Борец продолжуваат со одличните резултати во ракометната кадетска лига. Во петото коло од кадетската ракометметна лига, група А, тие на гостински терен го совладаа составот на Алкалоид со резултат 37:32.
Од самиот старт на натпреварот младите ракометари на Фруитленд Борец го имаа водството кое на моменти изнесуваше и плус 10. Домаќините немаа решение за расположениот за игра Лука Станковски кој постигна 12 погодоци.
По пет одиграни кола, кадетите на Фруитленд Борец се на делба на втората позиција со екипата на Куманово. Во наредното коло ги очекува уште едно гостување, овој пат во Богданци кај екипата на Младост.