Кадетите на Фруитленд Борец со победа го завршија првиот дел од првенството

Fruitlend Borec Ovce pole kadeti

Кадетите на Фруитленд Борец им се вратија на победите, по минатонеделниот пораз од лидерот Еурофарм Пелистер. Денес во спортската сала на ООУ „Блаже Конески“, го совладаа тимот на Овче Поле со резултат  29:21, полувреме 11:7.

Zito akcija 640x289px

Иако велешани го имаа водството во текот на целиот натпревар, отпорот на гостите го скршија на почетокот на вториот дел кога поведоа со 13:7, разлика од шест гола која знаеа умешно да ја сочуваат до крајот на мечот.

Agria

Најефикасен кај домашната екипа беше Андреј Зафиров со 10 постигнати погодоци, додека на другата страна Теофил Јанев постигна 14 погодоци. Првенството продолжува на пролет кога велешани гостуваат кај екипата на Вардар 1961.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: