Кадетите загубија од Германија, Славков без постигнат погодок

Кадетската репрезентација на Македонија го претрпе и вториот пораз на ЕП што се одржува во Подгорица, откако денеска загуби од селекцијата на Германија со резултат 19:25, и најверојатно ги загуби шансите за висок пласман.

Текстот продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Ракометарот на Бисинов Фруитленд, Александар Славков  и денес го одигра скоро целиот натпревар но за разлика од вчера остана без удар на голот. Самоил Ристевски со единаесет постигнати гола беше најдобар поединец на натпреварот, а само петмина наши ракометари се запишаа меѓу стрелците.

Текстот продолжува под рекламата

Agria

Македонија во третото коло ќе се сретне со селекцијата на Полска, која во својот прв меч на ова ЕП во Подгорица загуби од Германија со преубедливи 21:39. Натпреварот ќе се одигра во сабота со почеток од 14 и 30 часот.

Можеби ќе ве интересира: