Уживајте во стабилното, суво, релативно топло време и со многу сончеви периоди до среда, односно во Мини Летото. Уште денеска температурите преку ден речиси насекаде ќе надминуваат 20 степени, додека во југоисточните предели тие ќе се искачат до околу 28 степени. Наутро ќе биде значително посвежо, па така помеѓу утринските и дневните температури разликата ќе биде особено голема, па така ова особено лошо, и тоа здравствено ќе се одрази врз Метеопатите.
Веќе од утре па во деновите потоа, како и за време на викендот облачноста ќе се зголемува, температурите позначително ќе опаднат, најмногу за време на викендот кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот само од 13 до 20 степени, наутро особено во Беровскиот регион, како и на високите места температурите ќе се спуштат и за некој степен под нулата.
Исто така, од утре ќе има и локални повремени врнежи од дожд, а повремено ќе засилува ветерот од југоисточен правец, особено Долж Повардарието.