Каква е моменталната состоја со коронавирусот во земјава

Hrvatska korona 7

Бројот на активни случаи со КОВИД-19 во земјава изнесува 15.576, а вкупниот број инфицирани од почетокот на епидемијата кај нас достигна 243.284.

Zito akcija 640x289px

Во последното деноноќие се направени 7.564 тестирања, а регистрирани се 1.635 нови случаи на КОВИД-19.

Agria

Од новодијагностицираните, во главниот град се 785, а следни со најмногу заразени се Прилеп – 121, Битола – 110, Куманово – 78 и Кичево – 47.

Како што соопшти ресорното министерство, од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 184 реинфекции.

Регистрирани сe 1.276 оздравени пациенти, а починале девет пациенти, сите во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.700.555 тестирања на Ковид-19. Бројот на оздравени пациенти е 219.616, а на починати е 8.092.Поради нагорната линија на позитивни лица со КОВИД-19, се очекуваат надлежните да соопштат дали на време ќе почне второто полугодие од учебната 2021/2022 година, на кој начин ќе се одвива наставата или ќе има одложување.

Брзо ширење на омикрон сојот на коронавирусот има речиси во сите држави, а експертите предупредуваат дека врвот на инфекцијата допрва доаѓа.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/26817/41-nov-sluchaj-na-kovid-19-vo-veles-15-ozdraveni/