Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Попладне во североисточните делови ќе има локално зголемување на облачноста проследено со краткотраен дожд.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени.
Утре ќе се задржи сончево и топло време. Од четврток облачноста повремено ќе се зголемува, ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе се намали за неколку степени. Главно во планинските региони ќе има услови за локaлeн дожд.
Можеби ќе ве интересира: