Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди.
Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд.
Ќе дува умерен, а на места повремено засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 17 до 21 степен.
Подрачјето на нашата земја за време на викендот и во почетокот на следната седмица ќе биде под влијание на серија на влажни бранови.
Времето ќе биде променливо облачно наместа со врнежи од дожд со променлив интензитет.
В недела и в понеделник врнежи ќе има на повеќе места.
Локално ќе биде нестабилно со пообилен дожд (над 40 л/м2) и појава на грмежи.
Ќе дува умерен до засилен, а повремено силен ветер од јужен правец (над 60 км/час).
Од понеделник температурите ќе бидат пониски и на повисоките планини ќе има повремени врнежи од снег.
Можеби ќе ве интересира: