Какво време не очекува

veles

Денеска времето во земјава ќе биде сончево и посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, поизразен вдолж Повардарието, информира УХМР.

Zito akcija 640x289px

Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени.

Agria

Поради спуштање на постудена воздушна маса од север проследена со умерен, повремено засилен северозападен ветер утре и во следните денови дневната температура ќе се намали за неколку степени. Од сабота следува период на претежно стабилно време, освен во понеделник кога се очекува појава на нестабилност проследена со краткотраен локален дожд.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/21945/eden-nov-sluchaj-na-kovid-19-vo-veles-2/