Утрово ќе има услови за локален дожд и зголемена облачност претежно во северните делови. Попладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој по должина на Повардарието краткотрајно ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени.
Под влијание на топла воздушна маса и јужно воздушно струење следува период на потопло време, а значително затоплување ќе има од четврток. Локални врнежи од дожд ќе има во следнава ноќ и утре наутро и ќе бидат со слаб до умерен интензитет.
Вo среда попладне врнежите на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи.
Можеби ќе ве интересира: