Денес во земјава ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб претежно јужен ветер. Утринската температури се движеа во интервал од -6 до 2, а максималната температура ќе достигне од 12 до 19 степени, информираат од УХМР.
Во следните денови времето ќе биде стабилно со пораст на дневните температури. Утринските температури уште утре на повеќе места ќе биде негативна и под просекот за овој период од годината, а потоа и тие ќе се покачуваат.
Од вторник ќе има повеќе облачност, понестабилно време со појава на повремен врнежи од дожд.
Можеби ќе ве интересира: