Осумдесет пакети со прехрамбени продукти и средства за лична хигиена, наменети за социјално загрозените семејства од Општина Велес, донираше компанијата „КАМ”.
Ова е самоиницијативна, хуманитарна донација од „КАМ” во форма на материјални добра наменета за социјално ранливите семејства од Општина Велес, но и од општините ширум државата за време на пандемијата предизвикана од коронавирусот.
Донацијата, вредна 75.120 денари, ја врачи Владимир Трајковски, регионален менаџер на компанијата, кој по примопредавањето на донацијата се сретна со градоначалникот на Велес Аце Коцевски.
Во името на жителите и Советот на Општина Велес, Коцевски изрази голема благодарност и надеж дека овој пример, кој ја потврдува компанијата „КАМ” како општествено одговорна компанија, ќе го следат и други фирми од градот и државата.
Во соработка со Општинската организација на Црвен крст од Велес, донацијата ќе биде поделена на осумдесет семејства во ризик од Општина Велес.
Компанијата „КАМ” ДОО Скопје е основана во 1999 година, вработува повеќе од 900 вработени, во повеќе од 70 КАМ маркети, лоцирани во 20 градови. Компанијата е прв синџир македонски маркети од типот хард-дисконти, која во своето 19-годишно постоење претставува еден од лидерите во дисконт-трговијата.
Можеби ќе ве интересира: