Вчера второлигашите го играа четвртото коло кое беше одложено поради настапот на македонската аматерска фудбалска репрезентација. Фудбалерите на Борец 1919 гостуваа во Македонска Каменица каде беа поразени од Каменица Саса со резултат 2:0.
Содржината продолжува под рекламата
Натпреварот беше решен уште во првиот дел, кога со двата гола на Андреј Симовски во 26 и 44 минута, Каменица Саса дојде до посакуваните три бода. Велешани иако беа подобар противник на овој натпревар, сепак слабата реализација на нападите не резултираше со некој погодок во мрежата на домаќинот.
Содржината продолжува под рекламата
По 5 одиграни кола, Борец 1919 се наоѓа на 14 позиција со 3 освоени бода. Следен предизвик за велешани е гостувањето во Кочани кај последнопласираната екипа на Осогово.
Можеби ќе ве интересира: