Денеска второлигашите го играат четвртото коло кое беше одложено поради настапот на македонската аматерска фудбалска репрезентација.
Содржината продолжува под рекламата
Фудбалерите на Борец 1919, осоколени од неделната победа против Вардарски, гостуваат во Македонска Каменица, кај екипата на Каменица Саса, во очекување на освојување нови бодови и излез од опасната зона.
Содржината продолжува под рекламата
Фудбалерите на Каменица Саса се наоѓаат на 13 место со 2 освоени бода, но мора да се напомене дека минатото коло одиграа нерешено со фаворитот Македонија ЃП на гостински терен. Натпреварот ќе се одигра на Градскиот стадион во Македонска Каменица со почеток од 15 часот.
Можеби ќе ве интересира: