
Фудбалерите на Борец 1919 го забележаа вториот пораз во подготвителниот период. На гостувањето во Македонска Каменица, домашната екипа, Каменица Саса беше подобра од велешани со резултат 3:0, полувреме 1:0.
Содржината продолжува под рекламата
Домаќините поведоа по еден спорен пенал во првиот дел. Реализатор на ударот од белата точка беше Лазе Стојановски. По ова до крајот на првиот дел се играше рамноправно од двете страни. Во вториот дел двајцата тренери напаравија неколку измени, по што домашниот тим подобро се снајде на теренот и со головите на Махир Ајрули и Бурим Алиев го добија натпреварот со резултат 3:0.
Содржината продолжува под рекламата
Тренерот на велешани Љупчо Димитковски – Гањо, и на овој натпревар тестираше неколку играчи кои би можеле да го носат дресот на Борец. Следниот натпревар за Борец е на на 27 јули против екипата на Вардар Неготино.
Можеби ќе ве интересира:
- Пуштен во употреба експресниот пат Дреново – Фариш
- ЦУК: Активни пожари на неколку локации низ земјава
- Затвореник од „Идризово“ украл 550 електронски уреди за време на викенд отсуство
- (ФОТО) 30 години Кожувчанка – Јубилеј на успех, партнерство и визија
- Интернационалниот фестивал „Велес 2025“ започнува утре, фолклорен спектакл од десет земји и настап на „Танец“