Сер Џим Ретклиф при пристигнувањето во Манчестер Јунајтед отпуши голем дел од вработените кои всушнот немале никакви фудбалски задолженија за извршување, но во „чистката“ која започна изминатово лето, сега беше придодаден и најважниот човек во историјата на клубот.
Оваа одлука на „ИНЕОС“ и Ретклиф предизвика вистински потрес во англиската јавност, а во моменти на голем немир и револт меѓу фановите на Јунајтед, најбрутален и најискрен е Ерик Кантона.
Незаборавниот голгетер на Јунајтед застана зад својот шеф и испорача вулгарна порака на социјалните мрежи, нагласувајќи дека би ги ставил во вреќа полна со срање сите оние кои ја донеле срамната одлука.
„Сер Алекс Фергусон треба да има пристап да прави што сака во клубот до неговиот последен ден во животот. Каков недостиг на почит. Ова е скандалозно за мене. Сер Алекс ќе биде мојот шеф засекогаш! Би ги фрлил сите нив во вреќа полна со го..а!,“ гласи жестоката објава на Кантона.