Кардиологот Сашко Николов кандидат на СДСМ на превремените локални избори во Штип

Sasko Nikolovo kandidat na SDSM vo Stip

Владејачката СДСМ го утврди докторот Сашко Николов како кандидат за градоначалник на Штип, за предвремените локални избори, кои наскоро треба да се одржат.

Zito akcija 640x289px

Тој во моментов е актуелен пратеник од редовите на СДСМ кој продолжи да работи како интервенет кардиолог во Штипската клиничка болница.

Agria

„Д-р Николов во изминатите години стекна висок углед како млад и квалитетен кардиолог, основач на штипскиот Оддел за интервентна кардиологија. Целиот свој професионален и човечки ангажман Николов го има посветено на непрекината, константна и професионална работа за граѓаните и нивното здравје“, се наведува во неговата куса биографија.

Од таму велат дека нивниот кандидат е докажан кардиохирург и врвен професионалец, и е дел од чесната понуда на партијата за предвремените локални избори.

Досегашниот градоначалник на Штип, Благој Бочварски, сега е назначен за за министер за транспрт и врски.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/15117/video-koj-ke-bide-pobednik-donald-tramp-proglasi-pobeda-bajden-pobeduva-vo-arizona/