
Катица Јанеца Јанева денеска од куќен притвор е спроведена во затворот во Идризово, јави Фокус. Јанева е осудена на седум години затвор за случајот „Рекет“.
Наредбата за поранешната шефица на Специјалното јавно обвинитество е дадена откако Апелациониот суд ги одби жалбите на обвинетите во случајот Рекет и на Јавниот обвинител и ја потврди провостепената пресуда во целост. По комплетирањето на предметот тој се доставува до судија за извршување санкции, кој издава наредба за спроведување во затвор.
Јанева за случајот „Рекет“е осудена за „примање награда за противзаконито влијание“ и „злоупотреба на службена положба и овластување, а Бојан Јовановски казната ја доби за кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“.
Можеби ќе ве интересира:
