Кривична пријава и 14-дневен државен карантин доби 53-годишниот С.А. од Кавадарци. Иако имал решение за самоизолација издадено од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, тој не се придржувал до него и бил излезен од просторијата, во која пријавил дека ќе биде изолиран.
„На 08.08.2020 гoд. во 17.00 часот на улица во Кавадарци, при контрола на С.А.(53) утврдено е дека, и покрај издаденото Решение за самоизолација од ДСЗИ Велес, со времетраење од 01.08.2020 до 14.08.2020, истиот не се придржувал по него, со што сторил кривично дело по чл.206 од Кривичниот Закон на РСМ. Против лицето е поднесена Кривична пријава, а на истиот му е одреден 14-дневен карантин во хотел определен од Владата на РСМ“, соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
При контрола, полицијата го утврдила прекршокот и кавадарчанецот го спровела во државен карантин, кој ќе треба сам да го плати. Згора на тоа, ако биде осуден, тој ќе добие и „дебела“ парична казна.
Можеби ќе ве интересира: