Ќе се гласа и со „неважечки документи, собранието изгласа измени на Изборниот законик

glasanje

За изборите што ќе се одржат во 2024 година, избирачите ќе може да гласаат со лична карта или патна исправа чијашто важност истекла во периодот од девет месеци до денот на одржување на изборите.

Zito akcija 640x289px

Собранието попладнево на 147 седница по скратена постапка со 84 гласови за и 2 воздржани без расправа го изгласа Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка, чија цел, како што претходно образложи пратеникот Мартин Костовски, е да се допрецизира постојната правна рамка и да се доуредат одредбите од постојното законско решение во насока на инклузивен изборен процес за сите учесници на изборите.

Agria

Повеќе од 100.000 граѓани кои имаат право на глас на претстојните претседателски и парламентарни избори во Северна Македонија немаат важечка лична карта, а пасошите што ги поседуваат се со старото уставно име, покажуваа податоците од Министерството за внатрешни работи.

Измените беа поднесени од кординаторите на пратеничките групи СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Алијанса за Албанците.

Меѓу другото, се допрецизираат одредбите во однос на регистрацијата на гласачите со цел сите гласачи кои ги исполнуваат условите да бидат запишани во избирачките списоци, со отстранување на ограничувањата врз основа на истечени документи за идентификација, како и со разјаснување на процедурите за вклучување во избирачките списоци на лицата кои ќе наполнат 18 години помеѓу двата изборни круга.

Во прашање се лица кои наполниле 18 години од последните одржани избори (локалните во 2021), до денот на одржување на годинешните избори. Од нив, над 1.000 немаат нов документ.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: