Ќе се уредува центарот на Велес

veles sarmaale

Градоначалникот Коцевски на денешната прес конференција информираше дека проектот насловен „СМАРТ (Паметни) решенија за Велес“ е аплициран во рамките на Програмата „ЕУ за општините – подобрување на услугите на локалната самоуправа преку иновативни концепти“.

Zito akcija 640x289px

Апликацијата на Општина Велес за реализација на проектот за уредување на централно градско подрачје е одобрена во прва фаза. Општината има рок до 21 април годинава да ја заокружи целокупната техничка документација и да ја достави во финалната фаза на проценка.

Agria

Проектот вклучува и голем број таканаречени смарт или паметни елементи како што се паметни автобуски постојки, пристап до интернет преку урбани елементи со соларно напојување, паметен паркинг, полнач за електрични возила, електрично возило за туристи,  набавка на 20 електрични велосипеди со дигитален систем за споделување, паметно осветлување, дигитални инфо табли и друго.

Mожеби ќе ве интересира:

https://batali.net/19089/za-nenosene-maska-napishani-644-kazni/