Ќе се вработуваат нови здравствени работници, вели министерот Меџити

Ministerstvo za zdravstvo
Ministerstvo za zdravstvo

Нови вработувања во здравствените институции ќе има откога сите ќе се изјаснат каков кадар им недостига, најави денес министерот за здравство, Фатмир Меџити. Здравствените работници, според министерот Меџити, многу бргу ќе го добијат и ветеното покачување.

Zito akcija 640x289px

„Зборуваме со сите засегнати страни, и со Министерството за финансии, и со Фондот за здравствено осигурување, и со Владата, и со сите министри и ќе најдеме решение. Првин ни треба една стратегија, да направиме програми. Сме побарале од сите здравствени институции во Македонија да ни достават колку им се потребите и барањата за какви кадровски решенија да има во ова систематизација за да има функционалност и нормално знаејќи ја финансиската состојба на државата, нормално дека треба да се адаптираме кон тоа. Дали ќе има вработување, да, ќе има, не можам да ви кажам дека утре ќе биде тоа, но ние ќе се потрудиме во најкус можен рок тоа се реализира“, рече министерот Меџити.

Agria

Министерот Меџити вели дека има решенија за ветеното покачување на платите на здравствените работници, од кои сите ќе бидат задоволни.

„Да, тоа што ветивме, ќе биде. Мислам дека ќе излезат сите задоволни, но нема да застанеме тука. Ќе ги видиме сите можности финансиски, еве излегуваме од економската криза, од постковид-кризата во државата и ќе видиме што понатаму. Здравствените работници секогаш треба да имаат повисоки примања“, најави министерот Меџити на свеченоста за Светскиот ден на здравјето, кој се поклопува со 75-годинината од формирањето на Светската здравствена организација.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: