Екипата на Кеги Моби стигна до првата сезонска радост во Првата футсал лига, откако во рамки на осмата рунда со 5:1 го декласираше тимот на Железарец.
Гостите од Скопје иако први поведоа со голот на Брњарчевски во втората минута, велешани брзо ги консолидираа своите редови и до крајот на првиот дел со головите на Атанасовски, дојдоа до водство на полувреме од 2:1. Во вториот дел се распадна играта на гостите, па со головите на Ристовски, Стојковски и Адиловиќ, Кеги Mоби дојде до висок триумф од 5:1.
Со оваа победа велешани им го отстапија последното место на табелата на екипата на Бутел, со кого ќе ги одмерат силите во последното есенско коло веќе викендов.