Фудбалерите на Кеги Моби се вратија со бод од гостувањето во Скопје кај екипата на Јувентус Серава. Во меч со 12 погодоци двете екипи го поделиа пленот и одиграа 6:6.
За велешани стрелаа Иван Стојчев и Костадин Петров по два пати, додека стрелци на еден погодек беа Кирил Ивановски и Петар Левков. За домаќините Кадир Амза и Армандо Алијевиќ погодија два пати, а по еден гол постигнаа , Керим Мамуд и Бесарт Љусјани.
Содржината продолжува под рекламата
По седум одиграни кола екипата на Кеги Моби се наоѓа на високото четврто место со освоени 13 бода. Во следното коло на домашен терен го пречекуваат тимот на КМФ Проект.
Можеби ќе ве интересира: