Почна втората футсал полусезона, а КМФ Кеги Моби го даде лотото и ја испрати Црна Река со седум погодоци во мрежата. Играта, одговорноста на играчите на велешкиот клуб на највисоко ниво, задоволитено во таборот како што кажува и резултатот.
Содржината продолжува под рекламата
Дека не и се пишува добро на Црна Река најави Александар Пановски со гол во петата минута, домаќините поведоа со 2:0, во 20 минута преку Иван Стојчев. На 3:0 во 26 минута зголеми Александар Пановски со неговиот втор гол на натпреварот.
Содржината продолжува под рекламата
До крајот на на тпреварот стрелаа уште Петар Левков во 30 и 32 минута, и Зоран Трајков во 34 и 36. Почесниот гол за гостите беше дело на Ванче Шиков во последните моменти од натпреварот.
Ова беше шеста победа за велешани во првенството со која се зацврсти на четвртата позиција со освоени 21 бод. Во следното коло Кеги Моби гостува кај Карадаку кој ова коло го изненади фаворитот Шкупи совладувајќи го на гостински терен со 6:7.
Можеби ќе ве интересира: