Кеги Моби на тешко гостување во Крива Паланка

Денес со почеток од 19 часот и 30 минути, во Крива Паланка, во рамките на 14 коло од Првата македонска футсал лига, екипата на Осогово 2022 ќе го пречека составот на Кеги Моби.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Овој натпревар е од исклучителна важност за велешани, за да обезбедат што можно подобра позиција пред започнување на третиот круг од натпреварувањето, и избегнување од долниот дел на табелата. Домаќините пак се во одлична серија, а обезбедија и пласман во полуфиналето на Купот на Македонија.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Натпреварот од 14 коло ќе се одигра во спортската сала „Бранители“ во Крива Паланка со почеток од 19 часот и 30 минути.

Можеби ќе ве интересира: