КМФ Кеги Моби го очекува уште еден тежок тест во Првата македонска футсал лига. Во понеделник во Велес гостува екипата на Шкупи, која е аспирант за висок пласман.
Велешани досега имаат освоено само еден бод од ремито против екипата на КМФ Клими, и се желни за прва победа во првенството. Гостите од Скопје пак во минатото коло го доживеаа првиот пораз од екипата КМФ Проект и ќе сакаат да се рехабилитираат од тој пораз.
Натпреварот КМФ Кеги Моби – КМФ Шкупи ќе се одигра во понеделник, во спортската сала „Гемиџии“ со почеток од 19 часот и 30 минути.