Кеги Моби поразен од Арбен Бајрами

Куп-освојувачот Арбен Бајрами беше преголем залак за Кеги Моби кој загуби во меч со осум постигнати погодоци. Во салата „7 Март“ во Чаир, Арбен Бајрами го совлада Кеги Моби со 5:3.

Zito akcija 640x289px

Домашните од самиот старт тргнаа офанзивно кон голот на велешани, но првите посериозни шанси од контранапади ги имаше Кеги Моби кој не успеа да ги реализира. Домаќините поведоа во 12 минута, а веќе во следниот напад беше 2:0. Во 13 минута Левков намали 2:1, а со голот на Омеровиќ во 15 минута за 3:1 се замина на одмор.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Во 24 минута по еден брз контранапад на домашните Незири стрелаше за 4:1, a со својот втор погодок Рамадани во 35 минута само ја осигура победата на Арбен Бајрами. До крајот на натпреварот Кеги Моби само го ублажи поразот со вториот гол на Левков, а стрелаше и голманот Стефановски за конечни 5:3.

Во следното четврто коло од Првата македонска футсал лига Кеги Моби ќе ја пречека екипата на Форца.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/33303/pri-akcziska-kontrola-vo-ugostitelski-objekti-priveden-veleshanecz-kaj-kogo-e-pronajdena-marihuana/