Кеги Моби ремизираше со Бутел на првиот контролен натпревар

KMF Butel KMF Kegi Mobi prijatelska sezona 24/25

На само една недела пред стартот на новата футсал сезона, Кеги Моби и Бутел одиграа контролен натпревар во кој и двете екипи ги одмерија силите. Во натпревар кој се одигра во Спортската сала Антон Димитров, во скопската населба Бутел, КМФ Кеги Моби и КМФ Бутел одиграа нерешено 2:2.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Резултатот го отвори новото засилување за велешани, Марио Атанасовски, но до крајот на првиот дел домашниот состав го израмни резултатот. Во вториот дел повторно шансите се редеа на обете страни, но по една пресечена топка на центарот од теренот Марио Атанасовски повторно стрела за водство на КМФ Кеги Моби. Во средината на вториот дел мал кикс на одбраната на гостите и тоа го искористија домашните за конечни 2:2.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Иако за нашиот состав ова е прв контролен натпревар, да играат заедно сите нови играчи и засилувања на тимот, сепак тренерскиот двоец, Нанев и Пановски перфектно ја склопија екипата. Целосен атак во текот на натпреварот со многу изгледни шанси но сепак на крајот резултатот беше нерешен. Тренерот на голманите, Даниел Стефановски може да се пофали дека неговите два чувари на мрежата беа на висина на задачата. истакнаа од Кеги Моби.

КМФ Кеги Моби следен контролен натпревар ќе го одигра во Штип во недела против екипата на Мал Ајакс. Во првото коло од Првата македонска футсал лига велешани гостуваат кај екипата на КМФ Осогово од Крива Паланка.

Можеби ќе ве интересира: