Од денес почнува преодниот рок во футсалот. Според најавите, КМФ Кеги Моби Велес ќе биде активен овоа зимо на пазарот за да обезбеди рано сигурен опстанок во лигата.
Од клубот најавија нови имиња кои се скоро договорени и ќе бидат објавени на нашиот сајт.
По првиот дел од сезоната Кеги Моби се наоѓа на осмата позиција со осум освоени бода, а натпреварите од футсал Купот на Македонија ги заврши во осминафиналето откако беа поразени од Балкан 2017 по изведување на пенали.