Во текот на вчерашниот ден во СВР Велес се регистрирани два случаи на напади над родители од страна на нивните деца.
Текстот продолжува под рекламата
„На 30.05.2024 во 16.45 часот полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода
В.П.(28) од Велес, по претходна пријава од нејзината 67-годишна мајка, затоа што во
семејниот дом по кратка расправија и се заканила и физички ја нападнала. известен бил
јавен обвинител, В.П. била однесена во здравствена установа и по документирање на
настанот против нејзе ќе биде поднесен соодветен поднесок“, известија од СВР Велес.
Текстот продолжува под рекламата
„На 30.05.2024 во 21,35 часот полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода
С.М.(43) од неготинско село, по претходна пријава од неговата 59-годишна мајка, затоа што
во дворот од семејниот дом по кратка расправија, С.М. заедно со неговите две малолетни
деца физички ја нападнале. С.М. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен
обвинител, Центарот за социјални работи Неготино и по документирање на настанот ќе
бидат поднесени соодветни поднесоци“, стои во соопштението од СВР.
Можеби ќе ве интересира: