„Влатко Кешишев го уапсивме во просториите на политичката партија Десна со уште други две лица. Беше чуден сплет на околности. Во текот на самиот разговор тогаш почна да збори лоши работи за првоосомничениот Палчо. Со мене сакаше само да зборува, не со колегите. И во еден момент рече дека ќе ме однесе некаде за да ми покаже нешто. Бараше да бидеме сами. Имаше доверба во мене, се плашеше од другите. Тогаш рече дека се плаши од другите колеги, рече „ако дознае Палчо ќе ме убие“, рече помошник началникот при СВР Скопје за криминалистички работи Музафер Каришиќ, кој бил вклучен во потрагата на сторителите за случајот со убиствата на Вања и Панче на денешното рочиште во Кривичен суд.
Тој кажа дека потоа Кешишев ги однел до запаленото возило, а потоа и до телото на Вања.
„Тргнавме со други екипи. Отидовме до запаленото возило, ние го знаевме тоа, бидејќи службите беа таму. Таму имавме разговор кој пак го правеше само со мене и тогаш беа тие моменти кога сакаше, па се премислуваше да каже нешто, за да во еден момент рече: „Ајде ќе ве однесам, има едно црно патче“. Тоа беше од спротива кон црквата. Се качивме 200-300 метри и рече да искочиме, тоа беше широк огромен простор. Имаше чудна комуникација, сакаше да каже нешто, па пак рече „не можам, не можам, не можам“. Немавме претстава, што се случува. И едно време рече „ајде“. Цело време беше со мене, не се одвојуваше. Тогаш јас го прашував „каде е, каде е?“ Но, не дефинирав што, бидејќи не знаеш ниту што сака да покаже. Тогаш со глава посочи, не сакаше ниту со рака да покаже. Видовме перници, и тогаш морав да ги информирам колегите тоа беше страшна глетка. Во тие моменти инсистиравме да каже, кажа дека стоел подалеку, но рече дека мисли дека е тука. Ме фати за рака и ми рече дека тука е девојчето кое е грабнато. И почна сам да копа, се виде носот, веѓата и дел од ногата. Тогаш го спомена Палчо, рече дека ја земале и тука фрлиле. Но, тоа беа минути. И тогаш кажа дека Палчо пукал во неа, и повторуваше цело време дека тој бил на страна.“, рече Каришиќ.
Обвинителството потоа како ги поврзале случаите, по што Каришиќ кажа: